Стар Завет

Нов Завет

Даниел 12:6-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Едниот го праша човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката: „Кога ќе дојде крајот на тие чудеса?”

7. Го чув човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката; тој ги подигна кон небото десницата и левицата колнејќи се во вечно Живиот. „По едно време, по две времиња и по половина време - кога ќе дојде крајот на распад на силите на светиот народ - сè тоа ќе сврши.”

8. Јас слушнав, ама не разбрав, па прашав: „Господару, како ќе сврши тоа?”

9. Тој рече: „Оди Даниеле, овие зборови се тајна и запечатени се до времето на свршетокот, зашто многумина ќе испитуваат и знаењето ќе се намножи.

10. Мнозина ќе се очистат, ќе обелат и ќе се испитаат; а безбожниците и натаму ќе бидат безбожни; безбожниците нема да се вразумат, а умните ќе разберат.

11. Од часот кога ќе биде укината секојдневната жртва и поставена грозноста на запустувањето: илјада двеста и девеесет денови.

12. Блазе му на оној кој ќе дочека и ќе стигне до илјада триста триесет и пет денови!

13. А ти оди си и одмори се; ќе станеш да го примиш своето наследство на крајот на деновите.”

Прочитајте целосна глава Даниел 12