поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12

Стар Завет

Нов Завет

Даниел 12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во она време ќе стане Михаел, големиот кнез кој ги штити синовите на твојот народ. Тоа ќе биде време на страдање какво немаше откако се луѓето па до тоа време. Во тоа време ќе се спаси твојот народ - сите кои ќе се најдат запишани во Книгата.

2. Тогаш ќе се разбудат мнозина кои спиеја во земниот прав; едни за вечен живот а други за срам и вечен презир.

3. Разумните ќе блескаат како сјајниот небесен свод, и кои ги учеа мнозината на праведност, како ѕвезди довека, во сета вечност.

4. А ти, Даниеле, пази ги во тајност овие зборови и запечати го овој книжен свиток до времето на свршетокот!”

5. Јас, Даниел, погледнав кога ете: други двајца стоеја едниот од едната, другиот од другата страна на реката.

6. Едниот го праша човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката: „Кога ќе дојде крајот на тие чудеса?”

7. Го чув човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката; тој ги подигна кон небото десницата и левицата колнејќи се во вечно Живиот. „По едно време, по две времиња и по половина време - кога ќе дојде крајот на распад на силите на светиот народ - сè тоа ќе сврши.”

8. Јас слушнав, ама не разбрав, па прашав: „Господару, како ќе сврши тоа?”

9. Тој рече: „Оди Даниеле, овие зборови се тајна и запечатени се до времето на свршетокот, зашто многумина ќе испитуваат и знаењето ќе се намножи.

10. Мнозина ќе се очистат, ќе обелат и ќе се испитаат; а безбожниците и натаму ќе бидат безбожни; безбожниците нема да се вразумат, а умните ќе разберат.

11. Од часот кога ќе биде укината секојдневната жртва и поставена грозноста на запустувањето: илјада двеста и девеесет денови.

12. Блазе му на оној кој ќе дочека и ќе стигне до илјада триста триесет и пет денови!

13. А ти оди си и одмори се; ќе станеш да го примиш своето наследство на крајот на деновите.”