Стар Завет

Нов Завет

Даниел 12:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Разумните ќе блескаат како сјајниот небесен свод, и кои ги учеа мнозината на праведност, како ѕвезди довека, во сета вечност.

4. А ти, Даниеле, пази ги во тајност овие зборови и запечати го овој книжен свиток до времето на свршетокот!”

5. Јас, Даниел, погледнав кога ете: други двајца стоеја едниот од едната, другиот од другата страна на реката.

6. Едниот го праша човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката: „Кога ќе дојде крајот на тие чудеса?”

7. Го чув човекот облечен во ленена облека, кој стоеше над водите на реката; тој ги подигна кон небото десницата и левицата колнејќи се во вечно Живиот. „По едно време, по две времиња и по половина време - кога ќе дојде крајот на распад на силите на светиот народ - сè тоа ќе сврши.”

8. Јас слушнав, ама не разбрав, па прашав: „Господару, како ќе сврши тоа?”

9. Тој рече: „Оди Даниеле, овие зборови се тајна и запечатени се до времето на свршетокот, зашто многумина ќе испитуваат и знаењето ќе се намножи.

10. Мнозина ќе се очистат, ќе обелат и ќе се испитаат; а безбожниците и натаму ќе бидат безбожни; безбожниците нема да се вразумат, а умните ќе разберат.

Прочитајте целосна глава Даниел 12