Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 34:4-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Тогаш границата ќе ви заврти кон југ, кон Акравимската Стрмнина, и ќе продолжи преку Син. Ќе допре на југ до Кадис-Варни; потоа ќе излезе кон Хасар-Адар и ќе продолжи до Асмон.

5. Од Асмон границата ќе сврти кон Египетскиот Поток и ќе излезе на море.’

6. ‘Големото Море ќе ви биде западна граница; тоа нека ви е меѓа кон запад.’

7. ‘А ова ќе ви биде северна граница: од Големото Море повлечете линија на гората Ор;

8. тогаш повлечете линија од Ор до влезот во Емат; завршеток на границата ќе биде Седад.

9. Тогаш границата ќе се продолжи до Зифрон и ќе заврши во Хасар-Енан. Тоа ќе ви биде северна граница.’

10. ‘За своја источна граница повлечете линија од селото Хасар-Енан до Сефам.

11. Границата ќе се спушта од Сефам до Ривла, источно од Аин. Оттаму границата ќе се спушти и ќе допре до источниот брег на Хинеротското Езеро.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 34