Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 33:30-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

30. Тргнаа од Асемон и расположија шатори во Мосирот.

31. Заминаа од Мосирот и се настанија во Вене-Јакан.

32. Тргнаа од Вене-Јакан и се настанија во Хор-Агидгад.

33. Отидоа од Хор-Агидгад и расположија шатори во Јотвата.

34. Отпатуваа од Јотвата и оптегнаа шатори во Еврон.

35. Отидоа од Еврон и се настанија во Есион-Гавер.

36. Отидоа од Есион-Гавер и расположија шатори во пустината Син, односно Кадис.

37. Тргнаа од Кадис па расположија шатори во гората Ор, на границата на Едомската Земја.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 33