Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 33:24-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Отпатуваа од гората Сафер и се настанија во Харад.

25. Откако се дигнаа од Харад се настанија во Макилот.

26. Тргнаа од Макилот и расположија шатори во Тахат.

27. Отпатуваа од Тахат и застанаа во Тара.

28. Заминаа од Тара и се настанија во Митка.

29. Отпатуваа од Митка и оптегнаа шатори во Асемон.

30. Тргнаа од Асемон и расположија шатори во Мосирот.

31. Заминаа од Мосирот и се настанија во Вене-Јакан.

32. Тргнаа од Вене-Јакан и се настанија во Хор-Агидгад.

33. Отидоа од Хор-Агидгад и расположија шатори во Јотвата.

34. Отпатуваа од Јотвата и оптегнаа шатори во Еврон.

35. Отидоа од Еврон и се настанија во Есион-Гавер.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 33