Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 31:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ му рече на Мојсеја:

2. „Одмазди им се на Мадијанците за Израелевите синови; а потоа ќе им се придружиш на твоите луѓе.”

3. Мојсеј му рече на народот: „Вооружете луѓе од меѓу себе за војна против Мадијанците, за да ја извршат Господовата одмазда врз Мадијанците.

4. Испратете во војна по една илјада од секое Израелево племе!”

5. И така од израелевите семејства - по илјада од племе - собраа дванаесет илјади за војна.

6. Мојсеј ги испрати - по илјада од племе - на војна заедно со Финес, синот на свештеникот Елеазар. Тој ги носеше светите садови и трубите за тревога.

7. Тие завојуваа против Мадијанците, како што Господ му заповеда на Мојсеја, и ги погубија сите машки.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 31