Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 3:9-25 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Дај им ги левитите на Арона и на неговите синови. Израелците нека му ги подарат целосно.

10. Постави ги Арона и неговите синови да ја исполнуваат својата свештеничка должност. А странец кој би се приближил до тоа нека биде погубен.”

11. Господ му рече на Мојсеја:

12. „Ете, Јас ги земам Левиевците од среде Израелците место сите првороденци - место оние кои ја отвараат мајчината утроба кај Израелевите синови. И така, Левиевците се мои!

13. Имено, Мене Ми припаѓа секој првороденец. Во оној ден кога ги поразив сите првенци во Египетската Земја; си ги посветив Себеси сите првенци во Израел и од луѓето и од животните. Тие се Мои. Јас Сум Господ.”

14. Господ му рече на Мојсеја во Синајската Пустина:

15. „Изврши попис на Левиевите синови по нивните семејства и родови; изброј ги сите машки од еден месец и повеќе.”

16. Мојсеј ги изброја според Божјата заповед, како што му беше наредено.

17. Овие беа Левиеви синови по име: Гирсон, Каат и Мерариј.

18. А ова се имињата на Гирсоновите синови по нивните родови: Ливниј и Семеј.

19. А Каатови синови сè по своите родови: Амрам, Исар, Хеврон и Озиил.

20. Мерарови синови сè по своите родови: Малиј и Мусиј. Тоа се Левиевите родови по нивните семејства.

21. Родот Ливниев и родот Семеев влечат лоза од Гирсона. Тоа се родови на Гирсоновците.

22. Од нив во пописот на сите машки од еден месец нагоре беа избројани седум илјади и пет стотини.

23. Родовите на Гирсоновците да ги поставуваат шаторите зад Шаторот кон запад.

24. Елисаф, синот Лаилов, беше глава на семејството на Гирсоновците.

25. Гирсоновците се грижеа, во Шаторот на средбата, за Шаторот и за неговиот покрив, за завесата на влезот во Шаторот на средбата;

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 3