Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 28:8-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Другото јагне принесувајте го во примрак. Принесувај го како и утринскиот лебен принос и неговата налевница, како палена жртва, за пријатен мирис на Господа.’

9. ‘Во саботен ден: принесувајте две едногодишни јагниња без недостаток и две десетини ефа чисто брашно, измешано со масло, за лебен принос, со неговата налевница.

10. Тоа е: саботна паленица во секоја сабота, освен секојдневната паленица и нејзината налевница.’

11. ‘Во почетокот на вашите месеци принесувајте Му на Господа паленица: два јунци, еден овен и седум јагниња годиначиња без недостаток.

12. За секој јунец, како лебен принос: три десетини чисто брашно измешано со масло; за секој овен, како лебен принос: две десетини ефа чисто брашно измешано со масло.

13. За секое јагне една десетина чисто брашно измешано со масло, како лебен принос. Тоа е паленица, жртва за пријатен мирис на Господа.

14. Нивните налевници нека бидат: на јунец половина ин вино; на овен третина ин; на јагне четвртина ин. Тоа е паленица при секоја млада месечина во секој месец на годината.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 28