Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 24:6-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Како долини што се тегнат, Како градини покрај речниот брег; како мирисливи дрва, посадени од Господа, како кедри покрај водите!

7. Вода ќе се излее од неговото ведро и неговото семе ќе биде во силни води. Неговиот цар ќе го надвиши Агаг, неговото царство се воздига.

8. Бог го изведе од Египет, тој му е нему како биволски рогови; тој ги проголтува непријателските народи,тој ги дроби нивните коски.

9. Се собра, прилегна како лав и како лавица, кој смее да го разбуди? Благословен да е кој те благословува, проклет да е кој те проколнува!”

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 24