Стар Завет

Нов Завет

Броеви (4 Moj.) 19:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ им рече на Мојсеја и Арона:

2. „Ова е законска одредба што Господ ја нареди: Кажи им на Израелевите синови нека ти доведат црвена јуница, здрава, на која нема недостатоци и врз која уште не е ставено јарем.

3. А вие предајте ја на свештеникот Елеазар. Потоа нека ја изведат надвор од логорот и нека ја заколат пред него.

4. Свештеникот Елеазар нека земе од нејзината крв на својот прст па со неа нека попрска седумпати кон предната страна на Шаторот на средбата.

5. Потоа јуницата нека биде запалена пред неговите очи; нека и ги изгорат: кожата, месото, крвта и нечистотата.

6. Потоа свештеникот нека земе кедрово дрво, босилек и црвено предено и нека ги фрли во средината на огнот, каде гори јуницата.

7. Свештеникот нека ја испере својата облека и нека го искапе своето тело во вода. Потоа свештеникот нека се врати во логорот, но нека биде нечист до вечерта.

8. И оној што ја изгорел нека ја испере својата облека и нека го искапе своето тело во вода и нека биде нечист до вечерта.

9. А еден чист човек нека ја собере пепелта од јуницата па да ја стави надвор од логорот на чисто место, да се чува за водата на очистување за израелската заедница. Тоа е жртва за грев.

10. И оној кој ќе ја собере пепелта од јуницата нека ја испере својата облека, и нека биде нечист до вечерта. Тоа нека биде вечен закон и за Израелевите синови и за странците, кои живеат среде нив.”

11. „Кој ќе се допре до мртво човечко тело, нека биде нечист седум дена.

12. Таквиот нека се измие со таа вода на третиот и на седмиот ден, па ќе биде чист. Ако не се измие на третиот ден и на седмиот ден, нема да биде чист.

Прочитајте целосна глава Броеви (4 Moj.) 19