Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 7:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Земи со себе од сите чисти животни по седум двојки: машкото и неговата женка.

3. Исто така од небесните птици по седум двојки - машкото и женката - за да им се запази семето на земјата.

4. Зашто, по седум дена, ќе пуштам дожд на земјата: четириесет денови и четириесет ноќи, та ќе го истребам од лицето на земјата секое живо суштество, што сум го создал.”

5. Ное направи сè, како што му нареди Господ.

6. Ное имаше шестотини години кога потопот дојде на земјата.

7. И пред потопните води влегоа во бродот со Ное: неговите синови, неговата жена и жените на неговите синови.

8. Од чистите животни и од животните што не беа чисти, од птиците, од сè што лази по земјата,

9. влегоа по две - машко и женско - во бродот, со Ное, како што Бог му заповеда на Ное.

10. А на седмиот ден, потопните води заплискаа врз земјата.

11. Во оној ден - на шестотата година на Ноевиот живот, во вториот месец, во седумнаесеттиот ден на месецот - бликнаа сите извори на бездната, се отворија сите небесни брани.

12. И дожд удри да паѓа по земјата четириесет денови и четириесет ноќи.

13. Во оној ден влегоа во бродот Ное и неговите синови: Сим, Хам и Јафет, Ноевата жена и трите жени на Ноевите синови со нив;

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 7