Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 7:16-24 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Сè што влезе беше двојка: машки и женски пол од сите суштества, како што Бог му нареди на Ное. Тогаш Господ ја затвори вратата зад него.

17. Поројниот дожд паѓаше на земјата четириесет денови; водите растеа постојано и го носеа бродот: се дигна високо над земјата.

18. Водите надоаѓаа бујно над земјата и растеа високо, а бродот пловеше по површината.

19. Водите поплавуваа сè посилно и растеа над земјата, така што ги покрија сите највисоки планини под небото.

20. Водите се креваа петнаесет лакти над потонатите планини.

21. Загинаа сите суштества што се движеа по земјата: птиците, добитокот, ѕверовите, сите лазачи и сите луѓе.

22. Сè што имаше животно дишење во своите носалки - сè што беше на копното - загина.

23. Беше истребено секое суштество од земјината површина: човекот, животните, лазачите и небесните птици, сè беше збришано од земјата. Останаа само Ное и оние што беа со него во бродот.

24. Водите се задржаа над земјата сто и педесет денови.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 7