Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 7:14-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. тие, и сите видови животни: добитокот, лазачите што ползат по земјата, птиците и разновидни крилести суштества,

15. влегоа во бродот со Ное, по две од сите суштества што имаат во себе жива душа.

16. Сè што влезе беше двојка: машки и женски пол од сите суштества, како што Бог му нареди на Ное. Тогаш Господ ја затвори вратата зад него.

17. Поројниот дожд паѓаше на земјата четириесет денови; водите растеа постојано и го носеа бродот: се дигна високо над земјата.

18. Водите надоаѓаа бујно над земјата и растеа високо, а бродот пловеше по површината.

19. Водите поплавуваа сè посилно и растеа над земјата, така што ги покрија сите највисоки планини под небото.

20. Водите се креваа петнаесет лакти над потонатите планини.

21. Загинаа сите суштества што се движеа по земјата: птиците, добитокот, ѕверовите, сите лазачи и сите луѓе.

22. Сè што имаше животно дишење во своите носалки - сè што беше на копното - загина.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 7