Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 49:13-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. Завулон ќе живее покрај морскиот брег, ќе биде пристаниште на бродови и ќе граничи со Сидон.

14. Исахар е јако осле, легнато меѓу оградите.

15. Виде дека починката е пријатна, а земјата убава, па ги подметна своите плеќи под бреме и се согласи со потчинетост.

16. Дан ќе го суди својот народ, како секое Израелево племе.

17. Дан нека биде змија на патот, отровница покрај патека, што ќе го касне коњот за ногата, така што јавачот ќе падне назад.

18. Господи, се надевам на Твоето спасение!

19. Разбојниците ќе го ограбуваат Гад, но и тој со грабеж ќе им биде зад петиците.

20. Кај Асира ќе има леб, и ќе доставуваат царски слатки.

21. Нефталим е брза срна, што говори убави зборови.

22. Јосиф е плодоносна гранка, плодна гранка покрај извор, гранчињата и се простираат над ѕидот.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 49