Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 45:6-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

6. Веќе две години се откако дојде гладот на земјата, а уште пет години нема да има ни орање ни жетва во земјата.

7. Затоа Бог ме испрати пред вас, за да ви биде запазен остатокот на земјата и да ви го спаси животот со големо избавување.

8. Така, вие не ме испративте ваму, туку Бог; Тој ме постави фараонов татко, господар над сиот негов дом и владетел над целата Египетска Земја.

9. Побрзајте кон мојот татко и речете му: ‘Твојот син Јосиф ти го порачува ова: „Бог ме постави за господар на целиот Египет; слези при мене без двоумење.

10. Ќе се настаниш во крајот Гесен. Така ќе бидеш близу до мене: ти, твоите деца, твоите внуци, твоите овци и говеда и сè што е твое.

11. Таму ќе се грижам за тебе, зашто гладот ќе потрае уште пет години. Така не ќе скуднееш ни ти, ни твоето семејство, ниту кој и да е твој.”‘

12. Па со своите очи можете да видите, како што гледа и брат ми Венијамин, дека мојата уста ви го зборува тоа.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 45