5. Еднаш Јосиф сонуваше сон, и им го раскажа на своите браќа, а тие го замразија уште повеќе заради тоа.
6. „Чујте го сонот - им рече - што го видов!
7. Замислете! Врзувавме снопови во средината на полето, кога одеднаш мојот сноп се исправи и застана нагоре. Тогаш вашите снопови се собраа наоколу и му се поклонија на мојот сноп.”
8. Неговите браќа го прашаа: „Да не сакаш да зацаруваш над нас? Сакаш ли да ни бидеш господар?” И го замразија уште повеќе, заради неговото раскажување на соништата.
9. Тој виде уште еден сон и им го раскажа на своите браќа: „Сонував уште еден сон. Внимавајте! Сонцето, месечината и единаесет ѕвезди ми се поклонуваа длабоко!”
10. Кога му го раскажа тоа на својот татко, татко му го укори и му рече: „Што значи сонот што го сонуваше? Зар ќе дојдеме: јас, мајка ти и браќа ти, па да ти се поклонуваме до земја?”
11. И додека неговите браќа му беа лути, од завист, татко му размислуваше за сè.
12. Еднаш неговите браќа отидоа да ги чуваат татковите стада во близина на Сихем.