Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 37:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. А Јаков се настани во земјата, во која татко му престојуваше како придојденик - во Ханаанската Земја.

2. Еве ја Јакововата историја. Како момче, на седумнаесет години, Јосиф ги чуваше стадата, со своите браќа, со синовите на Вала и Зелфа, кои беа жени на татка му. Јосиф му носеше на татка си лоши гласови за нив.

3. Јаков го љубеше Јосифа повеќе од кој и да е свој син, зашто беше дете на неговата старост, и тој му направи шарена облека.

4. Но неговите браќа забележија дека татко им го љуби повеќе од сите други свои синови, па го замразија толку, што не можеа да му речат ни пријатен збор.

5. Еднаш Јосиф сонуваше сон, и им го раскажа на своите браќа, а тие го замразија уште повеќе заради тоа.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 37