Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 24:24-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Таа му одговори: „Јас сум ќерка на Ватуил, кого Мелха му го роди на Нахора.”

25. Уште рече: „Има кај нас слама и храна во изобилство, а и место за ноќевање.”

26. Човекот тогаш се поклони длабоко, па му искажа почит на Господа,

27. и проговори: „Благословен да биде Господ, Бог на мојот господар Авраам, што не го лиши мојот господар од Својата љубов и од Својата верност. Господ ме водеше мене по прав пат, во куќата на братот на мојот господар.”

28. Девојката отрча и го раскажа сè тоа во куќата на мајка си.

29. А Ревека имаше брат, чие име беше Лаван. Лаван побрза надвор, кон човекот при кладенецот.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 24