Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 22:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Сега Авраам ја испружи раката и го зеде ножот, за да го заколе сина си.

11. Но Господов ангел од небото го повика и рече: „Аврааме! Аврааме!” „Еве ме!” одговори тој.

12. „Не ја спуштај раката врз детето - рече - ниту му прави нешто! Еве, сега знам дека се боиш од Бога, зашто не го задржа од Мене ни својот син, својот единец.”

13. Ги подигна Авраам очите и виде, и ете, зад него овен сплеткан со роговите во грмушка. Авраам отиде, го зеде овенот и го принесе во жртва сèпаленица место сина си.

14. Авраам му даде име на тоа место Јахве-Ире (Господ Промислува). Затоа се вели денес: „На Гората На Господовото Промислување.”

15. Господовиот ангел го повика Авраама, од небото, по вторпат

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 22