Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 16:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. И така, откако Аврам престојуваше десет години во Ханаанската Земја, неговата жена Сара ја зеде Агара, Египетката, нејзина слугинка, и му ја даде на својот маж Аврам за сопруга.

4. Тој влезе кај Агара и таа зачна. А кога виде дека зачна, гледаше со презирање врз својата господарка.

5. Тогаш Сара му рече на Аврама: „Неправдата што ми се нанесува е твоја вина! Ти ја дадов мојата слугинка во твоите прегратки, но таа откако забележа дека зачна, ме гледа со презир. Господ нека биде судија меѓу нас!”

6. Тогаш Аврам и одговори на Сара: „Ете, твојата слугинка е во твоја рака: постапи со неа како што сакаш.” Сара се однесуваше со неа толку лошо што таа избега од неа.

7. Господов ангел ја најде во пустината, при изворот - на патот кон Сур -

8. и ја праша: „Агаро, Сарина слугинко, откаде доаѓаш и каде одиш?” А таа одговори: „Еве, бегам од својата господарка Сара.”

9. А Господовиот ангел и рече: „Врати се кај господарката твоја и покори и се под нејзините раце!

10. Ангелот Господен уште и рече: „Ќе го умножам мошне твоето потомство; не ќе може да биде избројано поради множеството.”

11. Натаму Господовиот ангел и рече: „Ете, ти си бремена и ќе родиш син. Дај му име Исмаил (Кого Бог Го Слуша), зашто Господ ја чу твојата мака.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 16