Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 11:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Целата земја имаше еден јазик и исти зборови.

2. Ама кога луѓето се преселија од исток, најдоа рамница во Сенарската Земја, и се населија таму.

3. И си рекоа еден на друг: „Ајде, да направиме плитари и да ги испечеме во оган!” Плитарите им беа место камен, а смолата место кал.

4. Тогаш рекоа: „Ајде, да си изградиме град и кула, со врв до небото! Да си спечалиме име, за да не се распрснеме по целата земја!”

5. Господ слезе да ги види градот и кулата, што луѓето ги градеа.

6. И Господ рече: „Ете, еден народ се, со еден јазик за сите! Но, ова е само почеток на нивните настојувања. Сега ништо нема да им биде неостварливо, што и да намислат да направат.

7. Да слеземе и да им го измешаме јазикот, за да не се разбираат еден со друг што зборуваат.”

8. Така Господ ги распрсна оттаму по целата земја и прекратија да го ѕидаат градот.

9. Затоа е наречен Вавилон (Мешање), зашто Господ го измеша таму јазикот на целата земја.

10. Овие се Симови потомци: кога Сим имаше сто години - на две години по потопот - му се роди Арфаксад.

11. По Арфаксадовото раѓање, Сим живееше пет стотини години и му се раѓаа уште синови и ќерки.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 11