Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 10:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Во почеток тој царуваше над Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Сенарската Земја.

11. Од таа земја излезе Асур и ги изгради: Ниневија, Ровот-Ир, Халах

12. и Ресен, меѓу Ниневија и Халах, што е голем град.

13. Од Мицраим произлегоа: Лудимците, Анамимците, Левиамците, Нафтухимците,

14. Патрусимците, Каслухимците, од кои потекнуваат Филистејците, и Кафторимците.

15. Од Ханаан потекнуваат: неговиот првенец Сидон и Хете.

16. Натаму: Евусејците, Аморејците, Гергесејците,

17. Евејците, Арукејците, Асенејците,

18. Арватците, Цемарејците и Аматејците. Потоа хананските племиња се раширија,

19. така што ханаанските предели се тегнеа од Сидон кон Герар, сè до Газа, па кон Содом и Гомор, Адма и Цевоим до Лаша.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 10