Стар Завет

Нов Завет

Битие (1 Moj.) 10:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Ова е родословието на Ноевите синови: Сим, Хам и Јафет, на кои им се родија синови после потопот.

2. Јафетови синови: Гомер, Магог, Мадај, Јаван, Тувал, Мосох и Тирас.

3. А Гомерови синови: Асханаз, Рифат и Тогарма.

4. А Јаванови синови: Елисај, Тарсис, Китим и Доданим.

5. Од нив се раширија народите по островите; според своите земји - секој со сопствен јазик - според своите племиња и народи.

6. Хамови синови: Хус, Мицраим, Фут и Ханаан.

7. А Хусови синови: Сева, Евила, Савта, Рама и Савтека. Рамови синови: Шева и Дедан.

8. Од Хус се роди и Нимрод, кој стана прв велемоќник на земјата.

9. Тој беше добар ловец пред Господа. Затоа се вели: „Голем ловец, пред Господа, како Нимрод!”

10. Во почеток тој царуваше над Вавилон, Ерех, Акад и Халне, во Сенарската Земја.

Прочитајте целосна глава Битие (1 Moj.) 10