26. И Бог рече: „Да направиме човек во Нашиот лик, според Нашата сличност, и нека владеат над морските риби, над небесните птици и над добитокот - над сета земја - и над сите лазачи што ползат по земјата!”
27. Бог го создаде човекот во Својот лик, Тој го создаде во Божјиот лик; ги создаде машко и женско.
28. И Бог ги благослови и им рече Бог: „Плодете се и множете се и наполнете ја земјата, и потчинете ја! Владејте над рибите во морето и над птиците во воздухот и над сите живи суштества што лазат по земјата!”
29. И Бог рече: „Еве, ви ги давам сите треви, што се осеменуваат, по целата земја, и секое плодоносно дрво, што го носи своето семе во себе: нека ви биде за храна!
30. А на сите ѕверови земни и на сите птици во воздухот и на сите лазачи што ползат по земјата, во кои е здивот на животот - нека им е за храна сето зелено билје!” И бидна така.