Стар Завет

Нов Завет

Авакум 3:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Молитва на пророк Хабакук врз Шигонот.

2. Господи, ја чув Твојата вест, и сум уплашен. Господи, оживи го делото Свое среде годините, среде годините објави го. Во гневот спомни си за милост!

3. Бог доаѓа од Теман, и Светецот од планината Фаран. Неговото величество ги покрива небесата, и земјата е полна со фала кон Него.

4. Болскотот Му е како светлина, зраци светкаат од Неговите раце, таму е скривалиштето на Неговата сила,

Прочитајте целосна глава Авакум 3