Стар Завет

Нов Завет

Авакум 1:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. „Погледајте меѓу народите, гледајте, чудете се, вчудоневидете се! Зашто во ваши денови правам дело, во кое не бисте поверувале, ако некој ви го раскаже.

6. Зашто еве, ги подигам Халдејците, народ жесток и брз, што навлегува ширум низ земјата, за да ги одземе живеалиштата кои не се негови.

7. Тој е страшен и морничав, од самиот него излегува неговиот суд и неговата власт.

8. Коњите му се побрзи од леопардите, побесни од волците навечер; јавачите му се простираат, стигаат оддалеку, налетуваат како орли, се спуштаат за да колват.

9. Сите тие ќе дојдат да насилствуват, лицата им се устремени напред како источен ветер, собират пленици како песок!

10. Тој им се потсмева на царевите, кнезовите му се за подбив, се подигрува со сите тврдини, насипува земја и ги зазема.

11. Тогаш провева како ветер и си оди, престапува и е виновен, кому сил?та му е негов бог.”

Прочитајте целосна глава Авакум 1