Стар Завет

Нов Завет

Амос 4:2-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Господ Бог се заколна во Својата светост: „Ете, ви доаѓаат денови кога ќе ве извлекуваат со куки, а последната од вас со јадици.

3. Ќе излегувате низ проломи, не обѕрнувајќи се никаде, и ќе бидете фрлени кон Ермон,” говори Господ.

4. „Отидете само во Ветил и грешете, во Галгал и множете ги своите гревови! Принесувајте жртви секое утро, и десетини секој трет ден.

5. Палете го тестото стасано за жртва благодарница, прогласете доброволни жртви, разгласете ги, зашто тоа го сакате, Израелеви синови,” говори Господ Бог.

6. „Затоа дадов да ви останат забите чисти во сите ваши градови, ве оставив без леб во сите ваши села; па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ.

7. Ви го скратив и дождот на три месеци пред жетвата; го пуштив да паѓа на еден град, ама не и на друг; едно поле ќе се наквасеше, а другото - врз кое не пуштив дожд - ќе се исушеше.

8. Така два три града скитаа во третиот за да пијат вода, но не можеа да се напијат, па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ.

9. Ве удрив со суша и со метлика, ви ги исушив градините и лозјата, скакулците ви ги изедоа смоквите и маслинките, па сепак не се обрнавте кон Мене - говори Господ.

10. Испратив помор на вас, како египетскиот помор; вашите младинци ги погубив со меч, а коњите ви беа одведени како плен; ви ги наполнив носалките со смрдеа од вашиот логор, па сепак не се обративте кон Мене - говори Господ.

11. Ве разурнав како што Бог ги разурна Содом и Гомор, бевте како гламна истргана од оган па сепак не се обративте кон Мене - говори Господ.

12. Затоа, Израеле, вака ќе постапам со тебе, и бидејќи така ќе постапам со тебе, подготви се, Израеле, да го пресретнеш својот Бог!

13. Зашто, ете, Тој ги создава планините го создава ветерот, му ја открива на човекот Својата мисла, Тој ги создава зората и мракот, и се искачува на врвот на земните височини, Господ, Бог над Војските, е Неговото име.

Прочитајте целосна глава Амос 4