7. Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги - пророците.
8. Лавот рика: кој не ќе се исплаши? Господ Бог зборува: кој не ќе пророкува?
9. „Разгласете го ова по асирските дворци и по дворците во Египетската Земја; речете: „Соберете се на планините на Самарија, погледајте го големиот неред во неа и угнетувањето сред неа.
10. Зашто не знаат да прават право,’ говори Господ. ‘Во дворците натрупуваат насилство и угнетување.’”
11. Затоа Господ Бог зборува вака: „Непријателот ќе ја опколи земјата, ќе ги разурне твоите тврдини, ќе ги ограби твоите дворци.”
12. Господ зборува вака: „Како кога пастирот ќе истрга две листни коски или делче од уво од лавската уста, така ќе се истргаат Израелевите синови кои седат во Самарија на работ на постелата и на леглата.”
13. Чујте и посведочете против Јакововиот дом - говори Господ Бог, Бог над Воинствата:
14. „Во оној ден кога ќе го казнам Израел за злосторите ќе ги казнам и ветилските жртвеници; роговите на жртвеникот ќе се скршат и ќе паднат на земјата.