поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9

Стар Завет

Нов Завет

Амос 3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Чујте го Израелеви синови ова слово кое Господ го зборува против вас, против секој род што го изведов од Египетската Земја:

2. „Само вас ве познав меѓу сите земни племиња, затоа ќе ве казнам за сите ваши гревови.”

3. Одат ли двајца заедно ако не се договорат?

4. Рика ли лавот во гората ако нема плен? Пушта ли лавчето глас во дувлото ако ништо не улови?

5. Паѓа ли птицата на земјата ако нема клопка на неа? Се дига ли мрежата од земјата ако ништо не се фати?

6. Труби ли трубата по градот ако Господ не ја испрати?

7. Господ Бог не прави ништо а да не им ги открие Своите намери на Своите слуги - пророците.

8. Лавот рика: кој не ќе се исплаши? Господ Бог зборува: кој не ќе пророкува?

9. „Разгласете го ова по асирските дворци и по дворците во Египетската Земја; речете: „Соберете се на планините на Самарија, погледајте го големиот неред во неа и угнетувањето сред неа.

10. Зашто не знаат да прават право,’ говори Господ. ‘Во дворците натрупуваат насилство и угнетување.’”

11. Затоа Господ Бог зборува вака: „Непријателот ќе ја опколи земјата, ќе ги разурне твоите тврдини, ќе ги ограби твоите дворци.”

12. Господ зборува вака: „Како кога пастирот ќе истрга две листни коски или делче од уво од лавската уста, така ќе се истргаат Израелевите синови кои седат во Самарија на работ на постелата и на леглата.”

13. Чујте и посведочете против Јакововиот дом - говори Господ Бог, Бог над Воинствата:

14. „Во оној ден кога ќе го казнам Израел за злосторите ќе ги казнам и ветилските жртвеници; роговите на жртвеникот ќе се скршат и ќе паднат на земјата.

15. Ќе ги разурнам зимската куќа и летната куќа, ќе пропаднат куќите од слонова коска. Многу куќи ќе исчезнат!” говори Господ.