поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9

Стар Завет

Нов Завет

Амос 2 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Господ зборува вака: „За три злосторства на Моав, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто коските на едомскиот цар ги спалија во вар.

2. Ќе пуштам оган на Моав за да ги изгори кариотските дворци, а Моав ќе умре во метеж, со бојна врева и со звукот на труба;

3. ќе го истребам судијата во него и ќе ги умртвам сите кнезови со него,” говори Господ.

4. Господ зборува вака: „За три злодејства на Јуда, за четири злосторства, одлуката е неотповиклива: зашто го отфрлија Господовиот Закон и не се придржуваа за Неговите одредби; ги заведоа лажните богови по кои одеа нивните татковци,

5. ќе пуштам оган на Јуда, за да ги изгори ерусалимските дворци.”

6. Господ зборува вака: „За три злостори, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто го продаваа праведникот за сребро и бедниот за лесни обувки;

7. зашто газат по главата на сиромавиот, и бедните ги водат на зло. Синот и таткото одат кај истата девојка за да го обесветат Моето свето име;

8. и врз облеките земени во залог лежат покрај секој жртвеник; и пијат вино на обвинетите во домот на своите богови.

9. Јас ги истребив пред нив Аморејците високи како кедар, силни како дабјето, Јас го уништив и плодот на нив и коренот под нив.

10. Јас ве изведов од Египетската Земја и четириесет години ве водев по пустината за да ја завладеете Аморејската Земја.

11. Јас издигнав пророци од вашите синови и назирејци меѓу вашите младинци. Не е ли така, Израелеви синови?” говори Господ.

12. „Но вие ги натеравте назирејците да пијат вино, а на пророците им заповедавте: ‘Не пророкувајте!’

13. Ете, Јас ќе ве притискам до земјата, како што притиска кола полна со снопје,

14. не ќе има богатство за брзиот, силата не ќе го зацврсти силниот, јунакот не ќе се спаси,

15. стрелецот не ќе се додржи, итриот тркач нема да избега, ниту јавачот ќе побегне,

16. најхрабрите јунаци ќе бегаат голи во оној ден,” говори Господ.