2. Ќе пуштам оган на Моав за да ги изгори кариотските дворци, а Моав ќе умре во метеж, со бојна врева и со звукот на труба;
3. ќе го истребам судијата во него и ќе ги умртвам сите кнезови со него,” говори Господ.
4. Господ зборува вака: „За три злодејства на Јуда, за четири злосторства, одлуката е неотповиклива: зашто го отфрлија Господовиот Закон и не се придржуваа за Неговите одредби; ги заведоа лажните богови по кои одеа нивните татковци,
5. ќе пуштам оган на Јуда, за да ги изгори ерусалимските дворци.”
6. Господ зборува вака: „За три злостори, за четири злодејства, одлуката е неотповиклива: зашто го продаваа праведникот за сребро и бедниот за лесни обувки;
7. зашто газат по главата на сиромавиот, и бедните ги водат на зло. Синот и таткото одат кај истата девојка за да го обесветат Моето свето име;
8. и врз облеките земени во залог лежат покрај секој жртвеник; и пијат вино на обвинетите во домот на своите богови.
9. Јас ги истребив пред нив Аморејците високи како кедар, силни како дабјето, Јас го уништив и плодот на нив и коренот под нив.
10. Јас ве изведов од Египетската Земја и четириесет години ве водев по пустината за да ја завладеете Аморејската Земја.
11. Јас издигнав пророци од вашите синови и назирејци меѓу вашите младинци. Не е ли така, Израелеви синови?” говори Господ.
12. „Но вие ги натеравте назирејците да пијат вино, а на пророците им заповедавте: ‘Не пророкувајте!’