Стар Завет

Нов Завет

Амос 2:11-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Јас издигнав пророци од вашите синови и назирејци меѓу вашите младинци. Не е ли така, Израелеви синови?” говори Господ.

12. „Но вие ги натеравте назирејците да пијат вино, а на пророците им заповедавте: ‘Не пророкувајте!’

13. Ете, Јас ќе ве притискам до земјата, како што притиска кола полна со снопје,

14. не ќе има богатство за брзиот, силата не ќе го зацврсти силниот, јунакот не ќе се спаси,

15. стрелецот не ќе се додржи, итриот тркач нема да избега, ниту јавачот ќе побегне,

16. најхрабрите јунаци ќе бегаат голи во оној ден,” говори Господ.

Прочитајте целосна глава Амос 2