Стар Завет

Нов Завет

Агеј 2:1-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во седмиот месец во дваесет и првиот ден на месецот, дојде Господово слово преку пророкот Агеј:

2. „Речи им вака на Зоровавел синот Салатилов, јудејски управител и на Исуса, синот Јоседеков, свештенички поглавар, и на другиот народ:

3. ‘Има ли уште некој меѓу вас кој го видел својот Дом во неговата стара слава? А каков го гледате вие сега? Според оној, не е ли тоа како ништо во вашите очи?

4. И така, биди јунак, Зоровавеле - слово е на Господа - биди јунак, Исусе сине Јоседеков, главен свештенику! Биди јунак, народе на сета земја - на работа! Зашто Јас Сум со вас! - зборува Господ над Воинствата!

5. По ветувањето што ви го дадов вам кога излеговте од Египет, Мојот Дух останува сред вас. Не бојте се!’

6. Зашто Господ над Војските зборува вака: „За малку, и Јас ќе ги растресам небесата и земјата, и морето и копното.

7. Ќе ги стресам сите народи, за да дојде богатството на сите народи, и ќе го наполнам со слава овој Дом - зборува Господ над Воинствата.

8. Златото е Мое, среброто е Мое - зборува Господ над Воинствата.

9. Славата на овој втор Дом ќе биде поголема отколку на првиот - слово е на Господа над Војските. И ќе му дадам мир на ова место - слово е на Господа над Војските.”

10. Во дваесет и четвртиот ден на деветтиот месец, во втората година на царот Дариј, дојде Господовото слово: преку пророкот Агеј:

11. Господ над Војските зборува вака: „Прашај ги свештениците што вели Законот и речи:

12. ‘Кога некој би носел во скутот на својата облека осветено месо, или ако би се допрел со скутот до леб, до јадење, до вино, до масло или до каква и да е храна; дали тоа ќе стане свето?’” Свештениците одговорија: „Не!”

Прочитајте целосна глава Агеј 2