Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 24:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во негово време дојде Навуходоносор, вавилонскиот цар, и Елијаким му беше потчинет три години, потоа се побуни повторно против него.

2. Овој пак ги испрати против него халдејските ограбувачки чети, арамејските, моавските и амонските, сите ги испрати против Јудеја за да ја запустат, потврдувајќи го словото што Господ го беше објавил преку Своите слуги пророците.

3. Тоа и се случи на Јудеја според Господовата закана дека ќе ја истреби од пред Своето лице заради Манасиевите гревови: заради сè што направи Манасиј,

4. и заради невината крв што ја пролеа, го наполни Ерусалим со невина крв. Господ не сакаше да прости.

5. Другата Елијакимова повест, и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

6. Елијаким почина покрај своите татковци, а неговиот син Јоахин завладеа место него.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 24