Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 22:9-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Тајникот Сафан дојде кај царот та го извести: „Твоите слуги - рече тој - ги собраа сребрениците, што ги најдоа во Домот и им ги предадоа на раководителите, поставени во Господовиот Дом.”

10. Тогаш тајникот Сафан го извести царот: „Свештеникот Хилкиј ми даде еден свиток.” И Сафан почна да чита пред царот.

11. Откако ги чу зборовите на книжниот свиток на Законот, царот ги раскина своите облеки.

12. И им нареди на свештеникот Хилкиј, на Сафановиот син Ахикам, на Михеевиот син Ахвор, на тајникот Сафан и на царскиот слуга Асај:

13. ”Отидете и прашајте Го Господа за мене и за народот, и за сета Јудеја, заради овој свиток што е најден, зашто е голема Господовата јарост што се излеала на нас затоа што нашите татковци не ги слушаа зборовите на овој свиток, не постапувале согласно тоа што ни е напишано во него.”

14. Свештеникот Хилкиј, Ахикам, Ахвор, Сафан и Асај отидоа кај пророчицата Олда, жената на Салум, синот Текуев, синот Арасев, чувар на облеката; таа живееше во Ерусалим, во новиот град. Кога и го рекоа тоа,

15. таа им рече: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Кажете му на човекот што ве испрати кај мене:

16. ”Господ вели вака: ‘Еве, ќе доведам несреќа врз овој град и врз неговите жители, ќе извршам сè што вели свитокот кого го прочита јудејскиот цар.

17. Зашто Ме оставија и им принесуваат жртви на туѓи богови за да Ме лутат со сите дела на своите раце, ќе пламне Мојата јарост на тоа место и нема да угасне.’”‘

18. А на јудејскиот цар, кој ве испрати за Господов совет, речете му вака: ‘Вака вели Господ, Израелевиот Бог: „За зборовите што ги чу -

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 22