поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24
  25. 25

Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. На Јосиј му беа осум години кога се зацари. Царуваше триесет и една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Једида, ќерката Адаева, и беше од Васкат.

2. Правеше што е добро во Господовите очи. Во сè одеше по патот на својот татко Давид, не свртувајќи ни десно ни лево.

3. Во осумнаесеттата година на своето царување Јосиј го испрати својот тајник Сафан, синот Авалиев, синот Месуламов, во Господовиот Дом и му рече:

4. ”Оди кај големиот свештеник Хилкиј за да ти ги подготви сребрениците што се однесени во Господовиот Дом и што чуварите на прагот ги собраа од народот.

5. Нека им ги врачи на раководителите поставени во Господовиот Дом, а тие нека ги исплатат работниците кои го поправаат Господовиот Дом,

6. дрводелците, градежниците и ѕидарите, и да се купува дрво и делкан камен што се потребни за поправка на Домот.

7. Но нека не се бара од нив сметка за врачените сребреници, зашто тие работат чесно.

8. Великиот свештеник Хилкиј му рече на тајникот Сафан: „Го најдовме книжниот свиток на Законот во Господовиот Дом.” И Хилкиј му го даде свитокот на Сафан, кој го прочита.

9. Тајникот Сафан дојде кај царот та го извести: „Твоите слуги - рече тој - ги собраа сребрениците, што ги најдоа во Домот и им ги предадоа на раководителите, поставени во Господовиот Дом.”

10. Тогаш тајникот Сафан го извести царот: „Свештеникот Хилкиј ми даде еден свиток.” И Сафан почна да чита пред царот.

11. Откако ги чу зборовите на книжниот свиток на Законот, царот ги раскина своите облеки.

12. И им нареди на свештеникот Хилкиј, на Сафановиот син Ахикам, на Михеевиот син Ахвор, на тајникот Сафан и на царскиот слуга Асај:

13. ”Отидете и прашајте Го Господа за мене и за народот, и за сета Јудеја, заради овој свиток што е најден, зашто е голема Господовата јарост што се излеала на нас затоа што нашите татковци не ги слушаа зборовите на овој свиток, не постапувале согласно тоа што ни е напишано во него.”

14. Свештеникот Хилкиј, Ахикам, Ахвор, Сафан и Асај отидоа кај пророчицата Олда, жената на Салум, синот Текуев, синот Арасев, чувар на облеката; таа живееше во Ерусалим, во новиот град. Кога и го рекоа тоа,

15. таа им рече: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Кажете му на човекот што ве испрати кај мене:

16. ”Господ вели вака: ‘Еве, ќе доведам несреќа врз овој град и врз неговите жители, ќе извршам сè што вели свитокот кого го прочита јудејскиот цар.

17. Зашто Ме оставија и им принесуваат жртви на туѓи богови за да Ме лутат со сите дела на своите раце, ќе пламне Мојата јарост на тоа место и нема да угасне.’”‘

18. А на јудејскиот цар, кој ве испрати за Господов совет, речете му вака: ‘Вака вели Господ, Израелевиот Бог: „За зборовите што ги чу -

19. бидејќи ти смекна срцето, и зашто се понижи пред Господа откако чу што им објавив на тој град и на неговите жители, кои ќе ги погодат запустување и проклетство, и зашто ги раскина своите облеки и зашто плачеше пред Мене, затоа те послушав - слово е Господово.

20. Еве, ќе те соединам со твоите татковци, и со мир ќе легнеш во гробот за да не ја видиш со свои очи сета несреќа што ќе ја доведам на ова место.”‘“ Тие му го однесоа одговорот на царот.