11. Откако ги чу зборовите на книжниот свиток на Законот, царот ги раскина своите облеки.
12. И им нареди на свештеникот Хилкиј, на Сафановиот син Ахикам, на Михеевиот син Ахвор, на тајникот Сафан и на царскиот слуга Асај:
13. ”Отидете и прашајте Го Господа за мене и за народот, и за сета Јудеја, заради овој свиток што е најден, зашто е голема Господовата јарост што се излеала на нас затоа што нашите татковци не ги слушаа зборовите на овој свиток, не постапувале согласно тоа што ни е напишано во него.”
14. Свештеникот Хилкиј, Ахикам, Ахвор, Сафан и Асај отидоа кај пророчицата Олда, жената на Салум, синот Текуев, синот Арасев, чувар на облеката; таа живееше во Ерусалим, во новиот град. Кога и го рекоа тоа,
15. таа им рече: „Вака вели Господ, Израелевиот Бог: ‘Кажете му на човекот што ве испрати кај мене:
16. ”Господ вели вака: ‘Еве, ќе доведам несреќа врз овој град и врз неговите жители, ќе извршам сè што вели свитокот кого го прочита јудејскиот цар.
17. Зашто Ме оставија и им принесуваат жртви на туѓи богови за да Ме лутат со сите дела на своите раце, ќе пламне Мојата јарост на тоа место и нема да угасне.’”‘
18. А на јудејскиот цар, кој ве испрати за Господов совет, речете му вака: ‘Вака вели Господ, Израелевиот Бог: „За зборовите што ги чу -
19. бидејќи ти смекна срцето, и зашто се понижи пред Господа откако чу што им објавив на тој град и на неговите жители, кои ќе ги погодат запустување и проклетство, и зашто ги раскина своите облеки и зашто плачеше пред Мене, затоа те послушав - слово е Господово.
20. Еве, ќе те соединам со твоите татковци, и со мир ќе легнеш во гробот за да не ја видиш со свои очи сета несреќа што ќе ја доведам на ова место.”‘“ Тие му го однесоа одговорот на царот.