Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 19:21-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

21. Еве ги зборовите што Господ ги објави против него: Те презира, ти се руга девицата, Сионската Ќерка; по тебе мавта со главата Ерусалимската Ќерка.

22. Кого го навредуваше, хулеше? На кого викаше гласно, дигаше горделив поглед? На Израелевиот Светец!

23. Преку своите слуги Го навредуваше Господа. Велеше: „Со множество коли, јас се искачив на врвот на гората, на највисоките врвови на Ливан. Му ги исеков највисоките кедри и најубавите чемпреси. Му го достигнав највисокиот врв и неговата гориста градина.

24. Копав и пиев туѓи води; со стапалата тогаш ги исушив сите египетски реки.”

25. Слушаш ли добро? Одамна тоа го подготвував, го смислував од искон, сега го остварувам тоа: на тебе е да ги претвориш тврдите градови во урнатини.

26. Нивните жители, немоќни, исплашени и збунети, беа како трева во полето, како младо зеленило, како трева врз покривите опалена од источниот ветар.

27. Знам кога се дигаш и кога седиш, кога излегуваш и кога се враќаш.

28. Зашто беснееше против Мене и зашто твојот бес дојде до Моите уши, ќе ти провнам прстен низ носалките, ќе ти ставам узда во устата, ќе те вратам по патот по кој што и дојде!

29. А ова нека ти биде знак: Во оваа година ќе се јаде тоа што само ќе се изрони, догодина тоа што само ќе порасте, а во третата година сејте и жнијте, садете ги лозјата, јадете им го родот.

30. Преживеаните од Јудиниот дом ќе пуштат жили во длабочина, ќе родат плод во висина.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 19