Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 18:25-34 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Најпосле, зар јас покрај Господовата волја тргнав против ова место за да го разурнам? Самиот Господ ми рече: ‘Оди против таа земја и разурни ја!’”

26. Елијаким, Сомна и Јоах му рекоа на големиот достоинственик: „Те молиме, зборувај им на своите слуги арамејски, зашто ние разбираме; не зборувај со нас јудејски за да нè чуе народот кој е на ѕидовите!”

27. Но големиот достоинственик им одговори: „Зар мојот господар ме испрати да ви го кажам ова на твојот господар и тебе, а не токму на оние луѓе кои седат на ѕидовите, осудени да ја јадат со вас својата нечистота и да ја пијат својата моч?”

28. Тогаш големиот достоинственик се исправи и ги извика со сиот глас на јудејски овие зборови: „Чујте ги зборовите на големиот цар, асирискиот цар!

29. Царот вели вака: ‘Езекија нека не ве измамува, зашто не може да ве избави од мојата рака.

30. Езекија нека не ве охрабрува со надежта во Господа велејќи: „Господ ќе не избави бездруго, овој град нема да падне во рацете на асирискиот цар.”‘

31. Не слушајте го Езекија, зашто вака вели асирискиот цар: ‘Склучете мир со мене, предајте ми се, па секој од вас нека ги јаде плодовите од своето лозје и од својата смоква, и нека пие вода од својот кладенец,

32. додека не дојдам и не ве одведам во земјата што е како вашата, во земја на жито и вино, во земја на масло и мед, за да живеете и за да не изумрете. Не оставајте да ве мами Езекија велејќи ви: „Господ ќе ве избави.”

33. Дали боговите на другите народи ги избавија своите земји од рацете на асирискиот цар?

34. Каде се боговите ематски и арфадски, каде се боговите сефарваимски, енски и авски, каде се самариските богови за да ја избават Самарија од мојата рака?

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 18