Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 15:26-38 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Другата повест на Факиј, и сè што направи, сè тоа е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

27. Во педесет и втората година на царувањето на Азариј, јудејскиот цар, во Самарија цар стана Факеј, синот Ремалиев. Царуваше дваесет години.

28. Тој правеше што е зло во Господовите очи; не отстапуваше од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведе Израел.

29. Во време на израелскиот цар Факеј дојде асирискиот цар Теглат Феласар и ги зазеде Ијон, Авел Вет Мака, Јанох, Кедес, Асор, Галад, Галилеја и сета Нефталимова Земја. И го одведе населението во Асирија.

30. Осиј, синот Илин, се завери против Факеј, синот Ремалиев, го уби и се зацари место него во дваесеттата година на Јотам, синот Озиин.

31. Другата Факеева повест, сè што направи, сè тоа е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

32. Во втората година на царувањето на Факеј, синот Ремалиев, над Израел; јудејски цар стана Јотам, синот Озиин.

33. Му беа дваесет и пет години кога се зацари, а царуваше шеснаесет години во Ерусалим. Името на мајка му и беше Еруса, Садокова ќерка.

34. Правеше што е право во Господовите очи, сосем како и татко му Озиј.

35. Но ни тој не ги разурна високите места; народот уште принесуваше жртви и кадеше на високите места. Тој ја изгради Горната Врата на Господовиот Дом.

36. Другата повест на Јотама, и сè што направи, зар сè тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на јудејските цареви?

37. Во неговите дни Господ почна да ги праќа против Јудеја арамејскиот цар Ресин и Факеј, синот Ремалиев.

38. Тогаш Јотам почина кај татковците, и го погребаа во градот на неговиот прататко Давид. А на негово место се зацари син му Ахаз.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 15