Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 15:25-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Неговиот дворјанец Факеј, синот Ремалиев, направи заговор против него и го уби во Самарија, во стражарницата на царскиот дворец, со Аргов и Арие. Со себе имаше педесет луѓе од Галгал. Го уби царот и се зацари место него.

26. Другата повест на Факиј, и сè што направи, сè тоа е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

27. Во педесет и втората година на царувањето на Азариј, јудејскиот цар, во Самарија цар стана Факеј, синот Ремалиев. Царуваше дваесет години.

28. Тој правеше што е зло во Господовите очи; не отстапуваше од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведе Израел.

29. Во време на израелскиот цар Факеј дојде асирискиот цар Теглат Феласар и ги зазеде Ијон, Авел Вет Мака, Јанох, Кедес, Асор, Галад, Галилеја и сета Нефталимова Земја. И го одведе населението во Асирија.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 15