Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 15:22-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Менаим почина со своите татковци, а неговиот син Факиј се зацари место него.

23. Во педесеттата година на царувањето на јудејскиот цар Азариј, израелски цар во Самарија стана Факиј, синот Мениамов. Царуваше две години.

24. Тој правеше што е зло во Господовите очи; не отстапуваше од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведе Израел, во грев.

25. Неговиот дворјанец Факеј, синот Ремалиев, направи заговор против него и го уби во Самарија, во стражарницата на царскиот дворец, со Аргов и Арие. Со себе имаше педесет луѓе од Галгал. Го уби царот и се зацари место него.

26. Другата повест на Факиј, и сè што направи, сè тоа е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви.

27. Во педесет и втората година на царувањето на Азариј, јудејскиот цар, во Самарија цар стана Факеј, синот Ремалиев. Царуваше дваесет години.

28. Тој правеше што е зло во Господовите очи; не отстапуваше од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведе Израел.

29. Во време на израелскиот цар Факеј дојде асирискиот цар Теглат Феласар и ги зазеде Ијон, Авел Вет Мака, Јанох, Кедес, Асор, Галад, Галилеја и сета Нефталимова Земја. И го одведе населението во Асирија.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 15