Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 13:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Во дваесет и третата година на царувањето на јудејскиот цар Јоас, синот Охозиин, Јоахаз, синот Јујов, стана израелски цар во Самарија. Царуваше седумнаесет години.

2. Тој правеше што е зло во Господовите очи, и се поведе по гревовите на Јеровоам, синот Наватов, кој го заведуваше Израел да греши. Не отстапуваше од нив.

3. Тогаш Господ зовре од гнев против Израел, и го предаде во рацете на арамејскиот цар Азаил и во рацете на Вен-Адад, синот Азаилов, за сето она време.

4. Но Јоахаз го ублажи Господовото лице, и Господ го послуша, зашто ја виде неволјата што арамејскиот цар му ја нанесуваше на Израел.

5. Господ му даде на Израел избавител кој го избави од арамејските раце, та Израелците живееја во своите шатори како и порано.

6. Но не отстапуваа од гревовите со кои Јеровоам го беше завел Израел: туку одеа по нив, а и ашерите останаа во Самарија.

7. Господ му остави на Јоахаз само педесет коњаници како војска, десет бојни коли и десет илјади пешаци; арамејскиот цар ги беше уништил и згазил како прав при вршење.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 13