Стар Завет

Нов Завет

2 Цареви 10:28-36 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

28. Така Јуј го истреби Ваала од Израел.

29. Но Јуј не се сврти од гревовите на Јеровоам, синот Наватов, со кои го заведуваше Израел, од златните телиња во Ветил и Дан.

30. Господ му рече на Јуј: „Затоа што го сврши добро тоа што ми е по волја, и затоа што направи сè што го носев во срцето против Ахавовата куќа, твоите синови ќе седат на престолот Израелев сè до четвртото колено.”

31. Но Јуј не го следеше верно и со сето срце законот на Господа, Израелевиот Бог. Не се одврати од гревовите со кои Јеровоам го заведуваше Израел.

32. Во она време Господ почна да отцепува делови од Израелевата Земја, и Азаил се биеше со Израел на свое подрачје,

33. од Јордан кон изгрејсонце, во сета земја Галад, во Гадовата, Рувимовата и Манасиевата земја, сè од Ароир, до Галад и Васан.

34. Другите Јујови дела, сè што направи, сите негови дела, зар тоа не е запишано во книжниот свиток Летописи на израелските цареви?

35. Почина покрај своите татковци и го погребаа во Самарија. Неговиот син Јоахаз се зацари место него.

36. Јуј владееше во Самарија над Израел дваесет и осум години.

Прочитајте целосна глава 2 Цареви 10