Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 9:2-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. А во Сауловата куќа беше слуга по име Сива: него го повикаа пред Давида, и царот го праша: „Ти ли си Сива?” А тој одговори: „Јас сум, твојот слуга!”

3. А царот продолжи: „Зар нема веќе никој од Сауловата куќа, за да му искажам Божја милост?” А Сива му одговори на царот: „Има уште Јонатанов син, кој е хром на двете нозе.”

4. Царот го праша: „Каде е тој?” А Сива му одговори на царот: „Ене го во куќата на Махир, синот Амилов, во Ло Девар.”

5. Тогаш царот Давид испрати по него во куќата на Махир, синот Амилов, од Ло Девар.

6. Кога Мефивостеј, синот Јонатанов, синот Саулов, дојде кај Давида, падна ничкум и се поклони. А Давид рече: „Мефивостеју!” Тој одговори: „Еве го твојот слуга!”

7. А Давид му рече: „Не бој се, зашто сакам да ти искажам милост заради твојот татко Јонатан. Ќе ти ги вратам сите ниви на твојот дедо Саул, а ти секогаш ќе јадеш леб на мојот стол.”

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 9