Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 8:5-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Дамаските Сиријци му дојдоа на помош на Адад-Езер, совскиот цар, ама Давид истепа меѓу Сиријците дваесет и две илјади луѓе.

6. Постави намесник во Дамаскиот Арам. Така Арамејците (Сиријците) станаа Давидови поданици и требаа да му плаќаат данок. Господ му даваше победа на Давида каде и да одеше.

7. Давид ги заплени златните штитови што ги имаа Адад-Езеровите слуги, и ги донесе во Ерусалим.

8. Од Ветах и од Виротај, Адад-Езерови градови, цар Давид донесе многу бронза.

9. Кога ематскиот цар Тој, чу дека Давид ја порази сета Адад-Езерова војска,

10. му го испрати својот син Јорам на Давида за да го поздрави и за да му честита зашто војуваше против Адад-Езер и зашто го порази, зашто Адад-Езер беше во војна со Тој; Јорам донесе сребрени, златни и бронзени предмети.

11. И нив царот Давид Му ги посвети на Господа со среброто и златото што го беше зел од сите народи кои ги покори:

12. од Сиријците, од Моавците, од Амонците, од Филистејците и од Амаликците, и од пленот на Адад-Езер, синот Реовов, царот на Сова.

13. Давид придоби нова слава кога на враќање ги порази Едомците, во Солената Долина, нив осумнаесет илјади.

14. И постави управители во Едом, и сите Едомци станаа Давидови поданици. И каде и да одеше Давид, Господ му даваше победа.

15. Давид царуваше над сиот Израел правејќи му правда и праведност на сиот свој народ.

16. Јоав, синот Серуин, заповедаше со војската, а Јосафат, синот Ахилудов, беше летописец.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 8