поглавја

  1. 1
  2. 2
  3. 3
  4. 4
  5. 5
  6. 6
  7. 7
  8. 8
  9. 9
  10. 10
  11. 11
  12. 12
  13. 13
  14. 14
  15. 15
  16. 16
  17. 17
  18. 18
  19. 19
  20. 20
  21. 21
  22. 22
  23. 23
  24. 24

Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Потоа Давид ги порази Филистејците и ги покори, та го одзеде Гат со неговите села од филистејските раце.

2. Ги порази и Моавците и ги измери со јаже, откако ги полегна по земјата: измери две јажина од оние што треба да бидат погубени, а едно цело јаже од оние што треба да бидат оставени живи. Така Моавците станаа Давидови поданици, кои му донесуваа данок.

3. Давид го порази и Адад-Езера, синот Реовов, совскиот цар, кога излезе да ја прошири својата власт до Реката.

4. Давид зароби од него илјада и седум стотини коњаници и дваесет илјади пешаци; им ги исече жилите на сите коњи на бојните коли; остави само сто.

5. Дамаските Сиријци му дојдоа на помош на Адад-Езер, совскиот цар, ама Давид истепа меѓу Сиријците дваесет и две илјади луѓе.

6. Постави намесник во Дамаскиот Арам. Така Арамејците (Сиријците) станаа Давидови поданици и требаа да му плаќаат данок. Господ му даваше победа на Давида каде и да одеше.

7. Давид ги заплени златните штитови што ги имаа Адад-Езеровите слуги, и ги донесе во Ерусалим.

8. Од Ветах и од Виротај, Адад-Езерови градови, цар Давид донесе многу бронза.

9. Кога ематскиот цар Тој, чу дека Давид ја порази сета Адад-Езерова војска,

10. му го испрати својот син Јорам на Давида за да го поздрави и за да му честита зашто војуваше против Адад-Езер и зашто го порази, зашто Адад-Езер беше во војна со Тој; Јорам донесе сребрени, златни и бронзени предмети.

11. И нив царот Давид Му ги посвети на Господа со среброто и златото што го беше зел од сите народи кои ги покори:

12. од Сиријците, од Моавците, од Амонците, од Филистејците и од Амаликците, и од пленот на Адад-Езер, синот Реовов, царот на Сова.

13. Давид придоби нова слава кога на враќање ги порази Едомците, во Солената Долина, нив осумнаесет илјади.

14. И постави управители во Едом, и сите Едомци станаа Давидови поданици. И каде и да одеше Давид, Господ му даваше победа.

15. Давид царуваше над сиот Израел правејќи му правда и праведност на сиот свој народ.

16. Јоав, синот Серуин, заповедаше со војската, а Јосафат, синот Ахилудов, беше летописец.

17. Садок, синот Ихитовов, и Ахимелех, синот Авијатаров, беа свештеници; Сераја беше писар;

18. Венај, синот Јодаев, им заповедаше на Херетејците и Фелетејците; а Давидовите синови беа главни управители.