Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 22:41-47 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

41. Ти ги натера во бегство моите врагови, и ги распрсна оние кои што ме мразеа.

42. Викаат на помош, никој да помогне, викаат кон Господа, не се одѕвива.

43. Ги здробив како прав на ветер, ги згазив како кал на патот.

44. Ти ме избави од буната во мојот народ, ме постави за главатар на незнабошците, народ, што не го познавав, ми служи.

45. Тој го слуша покорно секое мое шептење. Синови туѓинци ми ласкаат мене.

46. Туѓинските синови ја губат смелоста, излегуваат треперејќи од своите тврдини.

47. Жив е Господ! Благословена да е мојата Стена! Нека се возвиши Господ, моето спасение!

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 22