Стар Завет

Нов Завет

2 Самоилова 22:32-46 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

32. Зашто кој е Бог освен Господ? Кој е стена освен нашиот Бог?

33. Тој Бог ме опашува со сила, и ја отстранува гибелта од мојот пат.

34. Ми даде нозе брзи како на кошута, и ме постави на безбедни височини,

35. ми ги извежба рацете за борба и мишките за да оптегнуваат бронзен лак.

36. Ми го даваш Својот штит што спасува, Твојата грижливост ме возвиси.

37. Верба му даваш на мојот чекор, и моите нозе веќе не се сопнуваат.

38. Ги гонев своите непријатели и ги настигнав, и не се вратив додека не ги уништив.

39. Ги оборувам, не можат да се дигнат, паѓаат, ми лежат под нозете.

40. Ти ме опаша со сила за борба, а моите противници ми ги подложи мене.

41. Ти ги натера во бегство моите врагови, и ги распрсна оние кои што ме мразеа.

42. Викаат на помош, никој да помогне, викаат кон Господа, не се одѕвива.

43. Ги здробив како прав на ветер, ги згазив како кал на патот.

44. Ти ме избави од буната во мојот народ, ме постави за главатар на незнабошците, народ, што не го познавав, ми служи.

45. Тој го слуша покорно секое мое шептење. Синови туѓинци ми ласкаат мене.

46. Туѓинските синови ја губат смелоста, излегуваат треперејќи од своите тврдини.

Прочитајте целосна глава 2 Самоилова 22